Селекторот на репрезентацијата на Грузија, Владимир Вајс си поднесе оставка откако неговата екипа вчеравечер беше победена од селекцијата на Македонија во финалето на баражот за пласман на Европското првество.
„Мојата работа е готова. Времето ми истече. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи и новинари. Тоа беше тешко време, но било и добро пет години во мојот живот. Жал ми е“, изјавил Вајс.