ПочетнаМагазинНашиот јутубер Steffonator со солзи во очите раскажува ...

Нашиот јутубер Steffonator со солзи во очите раскажува …

Со coлзи во очите, македонскиот јутјубер Стефан Рашкофиќ (23) во дваесетминутно видео одлучи да проговори за paкот на тecтиcи кој му бил диjaгнocтициpaн на 23 јули минатата година.

„Најлошото нешто што можете да го направите во тие моменти е да го земете телефонот и да гуглате. Веднаш во глава ти доаѓаат илјада сценарија, веднаш помислуваш на нajлошото“, ја почнува својата исповед момчето кое се прослави и по серијалот „90 секунди“ каде досега гостуваа многу познати личности од различни сфери на јавниот живот.

Стефонатор во детали зборува за неопходната операција која морал да ја направи, за четирите циклуси на хемотерапии, но и за последиците од истите.

Тој веднаш доби масовна поддршка. Видеото го сподели и актерот Васил Зафирчев кој порача да се надеваме дека оваа храбра и емотивна приказна некому ќе значи животна сила, поттик и инспирација.

„Силна поддршка и искрена желба за побрзо закрепнување на Стефонатор и на сите мажи кои се борат со оваа болест“, напиша Зафирчев.

Емотивното обраќање на оваа чувствителна тема за машкото здравје која кај нас се’ уште е табу можете да го погледнете во продолжение.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ