asd
ПочетнаВестиЗА ЕДЕН ДЕН: Казнети 824 возачи за брзо возење

ЗА ЕДЕН ДЕН: Казнети 824 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 824 возачи.

Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 438 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 386 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ