ПочетнаМагазинЗдравјеЗошто треба да се јаде цвекло?

Зошто треба да се јаде цвекло?

Цвеклото лесно се подготвува и консумира, а најчесто се вари и кисели. Често се јаде и сирово, главно рендано како дел од салата. Обликот може да му биде кружен или цилиндричен.
Цвеклото е растение богато со здрави состојки. Луѓето одамна го познавале како лековито растение кое се користело во домаќинствата. Исто така се користи и во современата медицина. Основната примена на цвеклото е сузбивање на појавата на тумор и лечењето на леукемија. Се користи и во лечењето на маларија, акутни фиброзни болести и грип во почетниот стадиум. Користи се и при регулација на крвниот притисок, обично доколку е низок. Поволно влијае на нервите и работата на мозокот, а ја подобрува и работата на желудецот, цревата и жолчката. Богата е со витамини и минерали и може да се јаде без ограничувања. Поседува значајни количества витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12, кој е редок во растителната храна, па е многу важно во исхраната на вегетаријанците. Присуство на антоцијани влијае при обновување на крвта и има антиканцерогено дејство. Цвеклото има поволен ефект во случаи на деминерализацијата на коските и на зглобовите. Присутниот јод помага во борбата против артериосклероза и го забавува процесот на стареење.

Може да го конзумирате и како сок.
Сос од цвекло
СОСТОЈКИ:
3 цвекла
3 чешниња лук
15 г маргарин
1 лажиче мајчина душичка
220 мл пилешка супа
50 мл црно вино
сол и црн пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Се мие цвеклото, се замотува со лукот во фолија и се става во тепсија, па се пече на 180 степени.
Се лупи, се мелат во блендер лукот и цвеклото.
Се става маргарин на тава да се стопи и се додава мајчина душичка, се додаваат супата и вино и се остава да проврие.
Се додава и цвеклото со лукот и се ставаат сол и црн пипер.
Ако сакате погуст сос, нека крчка подолго.
Се јаде со компир или со тестенини.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ