Многу често во летниот период ни се случува во домот да се соочиме со непријатната појава на мравки, кои успеваат да достигнат брзо до секој агол во домот, од балконите до самата кујна.
Благодарение на ова природно средство лесно и трајно ќе се збогувате со мравките во вашиот дом.
Кон 1 супена лажица врела вода додадете 2 кафени лажици глицерин, 1 ½ супена лажица шеќер, 1/3 кафена лажица боракс и 1 кафена лажица мед. Добиената смеса измешајте ја добро на слаб оган до целосно растворање на бораксот и шеќерот.