ПочетнаВестиСветВо Тексас поради пожарите затворена фабрика за нуклеарно оружје, загрозени 11 милиони...

Во Тексас поради пожарите затворена фабрика за нуклеарно оружје, загрозени 11 милиони луѓе

Серија шумски пожари го зафатија северниот дел на американската сојузна држава Тексас, што доведе до евакуација на илјадници жители, прекин на електричната енергија во илјадници домови и принудно затворање на фабрика за производство на нуклеарно оружје во Пантекс.

Пожарите ги разгорува и силниот ветер и невообичаено високите температури.

Републиканскиот гувернер Грег Абот прогласи катастрофа во 60 окрузи откако вчера изгореа речиси 1.040 квадратни километри. Властите не ја објавија причината за шумските пожари што ги зафатија ретко населените области во Тексас.

Непознат број домови и други објекти во округот Хачинсон се оштетени или уништени, соопштија локалните власти за вонредни состојби. Главниот објект каде што се собира и расклопува американскиот нуклеарен арсенал е затворен а персоналот е евакуиран. Противпожарната служба на фабриката останала на локацијата. Од 1975 година, постројката Пантекс е главно место за склопување и демонтирање на атомски бомби во САД. Последната нова бомба беше составена во 1991 година.

Според прогнозата, температурите утре во западен Тексас ќе бидат пониски, ветерот ќе слабее, а можен е и дожд.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ